Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По завршувањето на сезоната во тренерскиот кадар на Вардар се направени неколку промени. Исто така има новини и во играчкиот кадар.
Досегашнот капитен на екипата, Филип Лазаров по пет години минати во Вардар го напушта клубот. Нему сезонава му заврши договорот со екипата, и бидејќи не беше договорена понатамошна соработка го напушта клубот. Како член на Вардар, Филип Лазаров беше дел од најголемите клупски успеси, трите настапи во четвртфиналето на ЛШ, и двата освоени трофеи во СЕХА лигата.
Сезонава Вардар ја одбрани двојната круна во домашното првенство. Лазаров остави свој белег во црвено-црниот дрес, и секогаш ќе биде во сеќавањата на тимот како алка од една машинерија која постигна големи резултати.
На Филип Лазаров му благодариме за се што досега постигнал и дал за Вардар, и му посакуваме успех во натамошната играчка кариера.
Досегашниот тренер на екипата на Вардар 2, Стојан Петрушевски е именуван за нов тренер на екипата на Вардар јуниор која се натпреварува во машката ВИП Супер лига.
Петрушевски зад себе има големо тренерско искуство, и покрај со работата во младите категории на Вардар во минатото, бил и тренер и на сениорскиот тим. Исто така бил и селектор на сениорската репрезентација на Македонија како и на младинските репрезентации.
Зоран Петковски кој досега ја водеше кадетската екипа на Вардар јуниор во иднина ќе биде одговорен за екипата на Вардар 2 која останува да се натпреварува во Прва лига.
Петковски е играчка легенда на Вардар каде мина голем дел од својата кариера, а потоа се посвети на работата со младите категории. Беше и селектор на младинската репрезентација на Македонија со која настапи на ЕП во Австрија.
Пепи Манасков кој ја водеше екипата на Вардар јуниор во иднина ќе биде одговорен за младинските категории во клубот. Манасков го предводеше тимот на Вардар јуниор од Прва лига и експресно влегоа во Супер лигата. И покрај неискуството, Вардар јуниор беше сериозне ривал на сите противници во домашното првенство. Манасков кој е играч на векот во Македонија ќе има нова мисија, во пренесување на своето знаење на младите кои во иднина треба да станат дел од екипите на Вардар и Вардатр јуниор.
Вардар е единствената екипа во ракометната лига која има три тима во системот на натпреварување. Вардар и Вардар јуниор играат во ВИП Супер лигата, а Вардар 2 е дел од Прва лига. Двете сениорски екипи имаат и свои подмладоци во сите возрасни категории и сите се вклучени во системот на натпреварување на РФМ.
Ракометната Академија и Вардар јуниор лигата се единствени од таков вид во Македонија, каде се вклучени над 1200 деца од сите возрасти во систем на натпреварување.