Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Парагвајскиот фудбалер Густаво Гомез е ново засилување на Милан.
Стопер и репрезентативец на Парагвај, Густаво Гомез, денеска ги заврши сите формалности околу потпишување на нов договор и стана фудбалер на Милан.
Доаѓа од Ланус, а претходно за него покажуваа интерес Фиорентина и Бешикташ.
Се смета дека вредноста на трансферот е околу 7 милиони евра, што е за милион повеќе отколку што претходно понуди Бешикташ.
Овој фудбалер потпиша петгодишен договор со Милан.
До крајот на преодниот рок, се очекува Милан да доведе уште еден одбранбен фудбалер, најверојатно тоа ќе биде Алваро Арбелоа.
New arrival at #ACMilan: #WelcomeGomez! ♥️⚫️
Nuovo arrivo in Casa Milan: benvenuto @gustavogomez462 ♥️⚫️ pic.twitter.com/xM9gvD40b3— AC Milan (@acmilan) August 5, 2016