Јувентус сака играч на Реал, но сè зависи од новиот тренер!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид и понатаму бара нов тренер, а би морал да побрза доколку сака да задржи неколку фудбалери.

Еден од играчите, кој би можел да замине е Матео Ковачиќ. Јувентус покажа интерес за неговите услуги, а минатата година наводно понудиле 75 милиони евра, но „кралевите“ ја одбиле таа понуда поради тоа што Зинедин Зидан сметал на него.

Сепак, сега Зидан го нема повеќе и не е јасно што ќе се случува со Хрватот, па Јувентус ја чека својата шанса за да го ангажира, но последниот збор ќе го имаат Флорентино Перез и новиот тренер на Реал.