Лестер го донесе третото засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Лестер Сити го комплетираше трансферот на младиот офанзивен играч Џејмс Медисон кој на „Кинг Пауер“ стадионот доаѓа од редовите на Норвич.

21 годишниот фудбалер потпиша петгодишен договор за сума од 22 милиони фунти која може да порасне и до 24 милиони фунти.

За офанзивниот играч од средниот ред сериозен интерес имаше и од Саутемптон, а тимот на Норвич ја прифати и нивната понуда, но Медисон се реши да го одбере Лестер пред се поради блискоста до неговиот дом во Ковентри.

„Мислам дека Лестер е вистинскиот клуб за мене. Имам добро чувство за клубот и не можам да го игнорирам тоа. Почувствував дека ова е вистинско место за мене, па јас сум презадоволен со трансферот и со нетрпение очекувам да почнам со работа“ – коментираше Медисон.