Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денешниот ден е многу важен за Милан, еден од наголемите европски клубови кој се наоѓа во многу тешка ситуација.
Имено, доколку денес до 18.00 часот мнозинскиот сопственик на клубот Јонгхонг Ли не уплати 32 милиони евра во клубот, Милан автоматски ќе стане власништво на интестицискиот фонт Елиот.
Ако тоа се случи, Милан нема друга опција освен да чека потенцијален купувач, а како поминува времето, тоа е се потешко.
Најголем проблем се јавува тоа што клубот веројатно ќе биде исклучен од Европа и како таков не е атрактивен за инвеститорите.
Сепак, се појави потенцијален купувач, Томас Рикетс, сопственик на бејзбол тимот Чикаго Кјубс, но останува да се види што ќе понуди и дали тоа ќе ги задоволи луѓето од Елиот.