„ВАР-технологијата е одлична, се очекува рушење на рекордот од 2002. година!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На Светското првенство во Русија досега видовме многу пенали, поточно 13, а токму толку биле досудени на целото светско првенство пред четири години во Бразил.

На овие резултати влијаеше видео-технологијата по кој беа досудени и некои од пенал.

„ФИФА е задоволна со досегашното ниво на судење и успешната помош од ВАР-системот. А тоа позитивно е прифатено во фудбалската заедница. Среќни сме што е така“, кажа Џовани Марти.

Треба да се спомене дека во 2002. година во Јапонија и Јужна Кореја беа досудени 18 пенали, а тоа првенство го држи рекордот, но дефинитивно Мундијалот во Русија може да го урне рекордот.

До крајот на првенството нè очекуваат многу возбудувања и јасно дека ќе имаат уште многу работа судиите.