Лина Ѓорческа со доминантна победа го почна турнирот во Шведска!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нашата тенисерка, Лина Ѓорческа, одлично го почна турнирот во Бостад, Шведска, откако ја победи домашната натпреварувачка Кајса Вилда Хенеман со 2-0 во сетови.

Ѓорческа стигна до брејк уште на првиот сервис на нејзината противничка (1-0), па продолжи во добар ритам да игра и да го зголемува водството како што поминува времето, па со уште два брејка на противнички сервис стигна до 6-1 во првиот сет.

Во вториот сет, Хенеман подобро го отвори мечот, па направи брејк на првиот сервис на нашата тенисерка и потоа стигна и до водство од 3-1, но Ѓорческа заигра многу подобро, па со брејк на противнички сервирс израмни на 3-3. Уште два брејк поени беа видени во продолжение, па по израмнета игра, тенисерките мораа да се пресметаат во тај-брејк.

Во тај-брејкот повторно се водеше голема борба, а Лина постојано го имаше водството и на крајот стигна до 7-5 и така се пласираше во следното коло во Шведска.