Вардар прими четири гола и претрпе шокантен пораз од тим од Малта


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Екипата на Вардар претрпе лош и неочекуван пораз од тимот на Балзан со 4:2. Ова е вкупно втор пораз за „црвено црните“ и тоа втор едно по друго на подготовките во Словенија.

Балзан за само седум минути дојде до висока предност од 3:0 со погодоците на Леповиќ (37’), Мајдевац (39’) и Ефионг (45’). Вардарци во вториот дел успеаја да го намалат резултатот преку Барсегјан во 63. минута, но само три минути подоцна Мајдевац со својот втор гол ја врати предноста од три гола.

Конечниот резултат го постигна рускиот интернационалец Максим Максимов кој погоди од пенал во 73. минута.

Избраниците на Бобан Бабунски во петок и сабота ги играат последните пријателски натпревари во Словенија против Херманштад и Целје.