„Спорт“: Перез ќе го жртвува Асенсио за да си ја оствари најголемата желба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпански „Спорт“ пишува дека доколку Ливерпул е подготвен да плати околу 150 милиони евра за Марко Асенсио, тогаш Реал Мадрид ќе го продаде својот талентиран играч.

Наводно, новиот тренер на „кралевите“, Хулен Лопетеги го сака Асенсио во екипата, но се знае кој е главен во Мадрид. Флорентино Перез сака да го купи Нејмар, па поради тоа е подготвен да го жртвува младиот Шпанец.

Иако Бразилецот размислува само за Мундијалот, неговиот татко преговара со Перез, па бразилските медиуми пишуваат дека летово може да се пресели во Мадрид за 300 милиони евра.

Доколку Перез го купи Нејмар, тогаш маркетингот ќе биде многу подобар на клубот и ќе добие големи приходи, но сепак и покрај тоа најверојатно ќе мора да го жртвува Герет Бејл или Кристијано Роналдо.

Дали Перез ќе си ја оствари својата најголема желба, останува да видиме во следниот период.