Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
На почетокот беше најавуван како еден од најголемите европски таленти, но не го исполни очекуваното, па сега ова е втора шанса за него.
Поранешниот фудбалер на Барселона, Ален Халиловиќ, има само 22 години и пристигнува од Хамбург.
Клубот испадна од лигата, првпат во историјата, а Халиловиќ не остави посебен впечаток бидејќи на 20 натпревари постигна само два гола.
Талентираниот Хрват преговараше со Удинезе и Сампдорија, но Милан во последен момент се појави во преговорите и доколку Халиловиќ ги помине медицинските прегледи, ќе потпише тригодишен договор.












