Вардар како да заборави да победува против Словенија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Екипата на Вардар веќе четврти натпревар по ред не знае за победа на подготовките во Словенија.

Денеска избраниците на Бобан Бабунски одиграа реми без голови со романскиот тим на Херманштад. „Црвено црните“ беа нешто подобар противник, а во 66. минута имаа и голема шанса кога Максим Максимов од слободен удар ја погоди пречката на противникот.

По воведните две победи против Шампион Целје (4:1) и Домжале (2:1), ова е веќе четврти натпревар по ред во кој Вардар не успева да забележи победа. Најпрво ремизираше со 3:3 против Марибор, потоа на два пати загуби од Оренбург (1:0) и Балзан (4:2), за сега да одигра 0:0 со Херманштад.