Римјаните не планираат да запрат: Рома тргнува по ѕвездата на Наполи!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рома ангажираше многу нови фудбалери, а на „Олимпико“ пристигнаа Анте Чориќ, Иван Маркано, Брајан Кристанте, Џастин Клајверт, Антонио Миранте, Давиде Сантон, Николо Цаниоло, Хавиер Пасторе и Вилијам Бианда.

На пат кон Рим се наоѓа и Доменико Берарди, а сега уште едно име е во игра за трансфер во Рома, односно Дрис Мертенс.

„Волчицата“ го гледа Мертенс како идеален партнер за Един Џеко, но несомнено ќе има тежок избор да го ангажира.

Мертенс до 15. јуни имаше откупна клаузула од 28 милиони евра, но никој не ја искористи, па таа сега не постои, поради што Рома најверојатно ќе мора да плати многу повеќе пари за него.