Соопштени се деталите од состанокот помеѓу агентот на Роналдо и Јувентус


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Состанокот за трансферот на Кристијано Роналдо е завршен. Мендеш му соопштил на Флорентино Перез дека Роналдо одлучил да се пресели во Јувентус.

Понудата е прифатена, таа од 30 милиони евра по сезона, а Јувентус ќе треба да потроши 350 милиони евра за Португалецот (дел од парите оди за Реал Мадрид, дел оди за даноци).

Но, спонзорите, компанијата на Ањели и уште неколку фирми ќе инвестираат во трансферот.

Новите информации се дека договорот на четири години е измама, дека Роналдо ќе остане во Торино само две и потоа ќе замине во Америка.

Повеќе не е тајна, Роналдо сакаше уште минатата зима да замине поради тоа што играше слабо. Како и да е, договорот е блиску до реализација.

Сега кога е затворена финансиската понуда, топката е кај Перез, кој не прифати да ја израмни платата на Роналдо со таа што му ја нудат во Јувентус.

Но, тоа што сака е Роналдо да им каже на навивачите дека заминува, како и дека Јувентус да почека, да најдат замена, односно да ангажираат некоја голема ѕвезда.

Се очекува Реал да испрати понуда за Нејмар или Азар, а се споменува и Мбапе, сепак тешко може да се верува дека некој од нив ќе реализираат.

Сепак, по состанокот, Роналдо е блиску до Јувентус, дури би можел да се појави во сабота во Торино, ако се забрзаат преговорите и се реализира трансферот порано од очекуваното.