Конте си замина од Челси, но добро го наплати отказот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што известува „Скај Италија“ од таборот на Челси конечно му врачиле отказ на Антонио Конте.

Со тоа сега е отворен простор за на тренерската позиција да биде назначен искусниот Маурисио Сари кој досега беше предводник на Наполи.

Предвремениот раскин на договорот ќе ги чини „сините“ 9.5 милиони фунти кои ќе „легнат“ на сметката на Конте.

Италијанецот со Челси го освои првенството во 2016 година, во неговата дебитантска сезона на клупата на „Сините“, а минатата година триумфираше во ФА Купот откако беше поуспешен од неговиот лут конкурент, Жозе Мурињо.