Јелена Јанковиќ се повлече од игрите во Рио

Српската позната тенисерка, Јелена Јанковиќ се повлече од ОИ во Рио 2016.

На нејзино место во првото коло ќе настапи романската тенисерка Андреа Миту која е 190 на ВТА листата. Ќе игра против шпанката Гарбина Мугуруза.

„Јанковиќ се здоби со повреда на градниот мускул и нема да настапува на ОИ“ – официјално е кажано од олимпискиот комитет на Србија

А вчера, во првиот олимписки ден, Јанковиќ заедно со Александра Круниќ отпаднаа во дисциплината двојки.