Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Шкендија одигра очајно и под просекот на гостувањето во Велс кај екипата на Њу Сеинтс и забележа висок пораз од 4:0.
Сепак, благодарение на победата од 5:0 од првиот натпревар клубот од Тетово се пласираше во следната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите.
ТНС во само 20 минути стигна до убедлива предност од 3:0 и со тоа си даде надеж дека може да стори нешто во продолжението на средбата.
Во 15. минута Ебе погоди за 1:0, во 30. минута Редмонд зголеми на 2:0, додека по само пет минути следуваше нов шок за Шкендија кога Кабанго погоди за 3:0.
Сепак, Велшаните до крајот успеаја да стигнат само до уште еден гол и тоа во 95.минута преку Бирн.