Алисон со приватен авион тргна за Ливерпул (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Се поизвесен е трансферот на голманот на Рома, Алисон Бекер во редовите на англиски Ливерпул.

Бразилскиот чувар на мрежата со приватен авион од Рим се упати кон Ливерпул каде во текот на утрешниот ден ќе има медицински прегледи.

Ливерпул за неговите услуги на Рома ќе им исплати рекордни 66 милиони фунти, а во трката за неговиот потпис ги надитрија Реал Мадрид и Челси.

Според одредени фанови кои го следеле летот на „Флајт Радар“ авионот пред 30 минути слетал на аеродромот во Ливерпул.