Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешната чешка тенисерка Мартина Навратилова смета дека публиката некогаш не го поддржува Новак Ѓоковиќ затоа што бил брутално искрен.
Ѓоковиќ веќе со години има проблеми со публиката, а посебно кога станува збор за големите натпревари против Рафаел Надал или Роџер Федерер.
Тогаш публиката е на страната на Шпанецот или Швајцарецот, а во текот на Вимблдон имаше и мали несогласувања во натпреварот против Едмунд, кога публиката го изнервира.
„Ѓоковиќ е вистински шампион. Навивачите некогаш не го поддржуваат затоа што не е совршен како Надал или Федерер. Новак е брутално искрен, каква што бев и јас“, вели Навратилова.