Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гонзало Игуаин задоцни на лекарските прегледи во Милан, но тоа не ги налути новинарите и навивачите кои го пречекаа пред медицинскиот центар.
Аргентинецот синоќа стигна во Милано за да го комплетира трансферот од Јувентус, а утринава требаше во осум часот да биде во болницата „Ла Мадонина“. Сепак, поранешниот играч на Реал Мадрид задоцни повеќе од еден час.
Едвај успеа да излезе од автомобилот и да помине покрај новинарите, кои сакаа да ги слушнат неговите први впечатоци.
Да потсетиме, тој прво стигнува на позајмица, која Милан ќе ја плати 18 милиони евра, а наредното лето би платил дополнителни 36 милиони за да го откупи.
L’arrivo di Gonzalo Higuain alla Clinica La Madonnina per le visite mediche con il Milan: Pipita preso d’assalto da tifosi e cronisti ?⚫️
Gonzalo Higuain is just arrived at La Madonnina private hospital to have his medical with AC Milan pic.twitter.com/Xz9zPJCkvY
— Simone Gambino (@SimoneGambino) August 2, 2018