Барселона тргнува по потписот на играч на Баерн Минхен

„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона ќе му направи конкуренција на Интер за Артуро Видал од Баерн Минхен.

Интер покажа голем интерес за Чилеанецот, но сега се појави интерес и од Барселона, откако „Камп ноу“ го напушти Паулињо.

Баварците очекуваат да заработат 30 милиони евра од неговата продажба, односно пет милиони помалку отколку што го платија во 2015. година.