Фелпс ја отвори душата: Не сакав да бидам жив, имав страшно искуство!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најуспешниот олимпиец на сите времиња, американскиот пливач Мајкл Фелпс повторно прозборе за своите проблеми и депресијата со која се соочувал.

„Сакам да направам разлика, сакам да да спасувам животи ако може“, кажа Фелпс.

Фелпс во текот на пливачката кариера освои 28 олимписки медали, од кои 23 златни медали, а освои и 26 златни медали на светските првенства.

„Успеав да направам неверојатни работи во базенот, но имав проблеми надвор од него. Имаше моменти во кои не сакав да бидам жив. Во почетокот не сакав да гледам психијатри, но кога го направив тоа, се чувствував подобро и оздравев“, објасни поранешниот олимпиец.