Челси со неверојатна плата ќе се обида да ја задржи најголемата ѕвезда во Лондон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид и Барселона покажаа интерес за Еден Азар, но Челси реагираше веднаш бидејќи не сака да го загуби својот најдобар играч.

Веќе со денови се шпекулира дека Реал Мадрид сака да понуди 224 милиони евра за Белгиецот и да го направи најскапиот трансфер во историјата, но од друга страна Челси му подготвиле нов договор.

„Дејли Мејл“ пишува дека „сините“ сакаат да му понудат плата од 300.000 фунти на Белгиецот, а засега не се открива на колку години ќе биде потпишан договорот.