Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Беглискиот фудбалер Еден Азар лерото се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но очигледно ѕвездата ќе остане во Челси.
Откако Кристијано Роналдо го напушти Реал Мадрид, прва желба на претседателот Флорентино Перез беше токму Азар, кој кажа дека има шанса да го напушти Челси, но на крајот немаше ништо од тоа.
Многумина сметаат дека Челси одбил да го продаде својот најдобар играч, но таткото на Азар кажа дека проблемот бил во Реал Мадрид. „Сините“ биле подготвени да го продадат и заработат многу пари, но татко му тврди дека Реал се повлекол од преговорите.
„Не можам да кажам зошто не се реализираше трансферот. Не поради тоа што не сака, туку поради тоа што не знам. Можам да кажам дека проблемот беше до Реал Мадрид и очигледно сакаа да се посветат на млади играчи на кои сакаа да им дадат шанса. Азар нема уште многу од договорот со Челси, но вистина е дека нема да заигра во Мадрид“, кажа татко му.