Спортскиот директор на Интер „зачуден“: А, кој е тој Модриќ!?


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Неколку недели Интер се поврзуваше со Лука Модриќ, но на крајот Хрватот остана во Реал Мадрид.

По големиот успех со Хрватска на Мундијалот во Русија и освоениот сребрен медал се појави приказна дека Модриќ ќе се пресели во Интер, но на крајот трансферот не се реализираше.

Пред почетокот на вчерашниот дуел помеѓу Интер и Торино (2-2), директорот на „нераѕурите“, Пјеро Аусилио зборуваше за Модриќ.

„Кој? Да зборуваме подобро за фудбал. Ние сме задоволни со екипата која ја составивме летово, целта ни беше да го поправиме тимот во секој дел од играта и да донесеме квалитетни играчи“, кажа тој.

Смета дека Интер е сега комплетен, иако не делува така по само еден освоен бод во две одиграни кола.