Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од таборот на Реал Мадрид подготвуваат понуда за играчот на Еспањол Марио Хермосо кој би пристигнал на „Бернабе“ доколку си замине Хесус Ваљехо.
Ваљехо е трансфер цел на Реал Сосиедад, и би можел да му се приклучи на неговиот довчерашен тимски колега Тео Ернандез. И двајцата во Сосиедад би настапувале како позајмени играчи.
Инаку Хермосо потекнува од школата на Реал Мадрид, а во неговиот договор со Еспањол има откупна клаузула од 40 милиони евра. Сепак, Реал може да ја искористи клаузулата која ја вметнаа во договорот кога го продаваа играчот на клубот од Барселона и може да го донесе за двојно помала сума од околу 18 милиони евра.