Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пол Погба се врати во Манчестер Јунајтед на голема врата. Момчето кое го отпишаа пред четири години сега се врати како најскап фудбалер во историјата на фудбалот.
Манчестер Јунајтед својата грешка ја плати 105 милиони евра на Јувентус.
Сепак, Манчестер Јунајтед и Пол Погба не се единствен пример за погрешни проценки на клубовите. Имаше уште многу фудбалери кои беа отпишани, подоцна се докажаа, а клубот мораше да плати дебело за да ги врати.
10. Џермејн Дефо (Тотенхем)
9.3 милиони – 16.4 милиони евра
Голема грешка во чекори направи раководството на Тотенхем кој во јануари 2008-ма година го продаде Џермејн Дефо на Портсмут за 9.3 милиони евра. Дефо во следните две полусезони постигна 18 погодоци и тоа беше доволно за Тотенхем да го врати после една година за Вајт Харт Лејн за 16.4 милиони евра.
9. Питер Крауч (Тотенхем, Портсмут)
85.000 евра – 10.5 милиони евра
7.5 милиони – 13.7 милиони евра
Раководството на Тотенхем немаше доверба во Питер Крауч, детето кој ја почна кариерата во нивниот клуб. После позајмицата во Дулвич, па во шведскиот Хеслхолм во 2000-та година беше продаден на КПР за 85.000 евра. Девет години подоцна Крауч повторно заигра за Тотенхем, а раководството на лондонскиот клуб мораше да му плати 10.5 милиони евра на Портсмут за да го врати.
Интересно е дека не само Тотенхем го врати Крауч во клубот и го плати дебело. Портсмут во март 2002-ра година го продаде Крауч на Астон Вила за 7.5 милиони евра, а во 2008-ма повторно го купи од Ливерпул за 13.7 милиони евра. Работата да биде полоша, само една година подоцна го продадоја на Тотенхем за 10.5 милиони евра.
8. Алваро Мората (Реал Мадрид)
20 милиони – 30 милиони евра
Алваро Мората не успеа да се избори за стандардно место во Реал Мадрид и кралскиот клуб го продаде на Јувентус во 2014-та година за 20 милиони евра. Шпанецот во меѓувреме во Јувентус играше фантастично и многу клубови покажаа интерес за него. Реал не сакаше старата дама да заработи, па ја активираа клаузулата во договорот и го откупи Мората за 30 милиони евра.
7. Грејм Ле Со (Челси)
1.05 милион – 10.5 милиони евра
Левиот бек кариерата ја почна во Челси и успеа да стигне до првиот тим. Потпиша професионален договор и почна да игра за сините, но лошиот однос со тренерот Портерфилд кој често не му даваше да ги игра сите 90 минути го чинеше трансфер во 1993-та година. Се тоа се направи кога Со го фрли дресот против Саутемптон кога беше изваден од игра, а Челси веднаш го продаде на Блекбурн за 1.05 милион евра.
Ле Со со Блекбурн ја освои шампионската титула во сезоната 1994/95 и избори пласман во ЛШ. Неговиот настап на евросцената остана запамтен после конфликтот со соиграчот Дејвид Бати на натпревар против Спартак Москва. Челси без разлика на тоа во 1997-ма година го врати Ле Со, а Блекбурн доби 10.5 милиони евра.
6. Марко Ројс (Борусија Дортмунд)
0 – 17.1 милион евра
Марко Ројс е дете на Борусија Дортмунд, но се не почна како што треба. Милионерите се откажаа од Ројс кога играше за репрезентацијата до 17 години и тој заврши во Рот Вајс Ален без оштета. Ројс таму ги помина младинските категории, заигра за првиот тим и се пресели во Борусија Менхенгладбах каде играше одлично. Борусија Дортмунд во 2012-та година одлучи да го врати Ројс и да му плати на Менхенгладбах 17.1 милион евра.
5. Немања Матиќ (Челси)
5 милиони – 25 милиони евра
Докажувањето на раководството на Челси ја обележа кариерата на Немања Матиќ. После добрите одиграни натпревари во Кошице, Матиќ стигна во Челси. Лондонскиот клуб го доведе во 2009-та година, но србинот веднаш не доби шанса. После две години поминати на позајмица, сините го испратија во Бенфика со уште 20 милиони евра во замена за Давид Луиз. Се проценува дека вредноста на Матиќ во овој трансфер била околу 5 милиони евра.
Тоа беше грешка која Челси подоцна скапо ја плати. Матиќ фантастично играше во Бенфика, а во јануари во 2014-та година се врати во голем стил на Стемфорд Бриџ. Португалскиот клуб за Матиќ доби 25 милиони евра од Челси.
4. Алан Ширер (Њукасл)
0 – 21 милион евра
Една од најголемите грешки направи, а потоа и ја плати англискиот Њукасл. Страчките на крајот на 80-тите го имаа на проба Алан Ширер, но 15-годишното дето кое порасна во Њукасл тогаш не помина. Работата да биде полоша, Ширер на тој натпревар не можеше да се докаже бидејќи беше голман. 11 години подоцна Ширер стигна во омилениот клуб, а го пречека неговиот идол, Кевин Киген кој како дете го гледаше во црно-белиот дрес.
После фантастичните одиграни натпревари во Блекбурн со кој ја освои титулата, Ширер се врати дома, а Њукасл му плати на Блекбурн 21 милион евра, а тогаш беше најскап трансфер во историјата на фудбалот.
3. Матс Хумелс (Баерн Минхен)
4 милиони – 35 милиони евра
Можеби некој трансферот на Матс Хумелс ова лето во Баерн Минхен од Борусија Дортмунд не го сфати како предавање, а тоа всушност е враќање во клубот од каде што почна.
Хумелс ги помина сите младинските категории во Баерн, потоа играше во вториот тим, но не успеа да се наметне во првиот тим, па во 2008-ма година прво беше пратен на позајмица во Борусија Дортмунд и подоцна и продаден за 4 милиони евра. Во пар со Невен Суботиќ беше столб на одбраната на милионерите се до ова лето кога се врати во Баерн во трансфер вреден 35 милиони евра.
2. Сеск Фабрегас (Барселона)
3.2 милиони – 34 милиони евра
Навивачите на Арсенал го памтат 28-ми октомври 2003-та година кога Сеск Фабрегас на куп натпреварот против Ротерам стана најмладиот фудбалер кој заиграл за Арсенал. Фабрегас тогаш имаше 16 години и 177 дена, а после 45 дена стана и најмладиот стрелец на топчиите на куп натпреварот против Волвс.
Фабрегас само еден месец пред тоа стигна од академијата на Барселона, Ла Масија.
Барселона се откажа од својот бисер и тој замина во Лондон, а Арсенал за својот иден капитен мораше да плати 3.2 милиони евра. Подоцна се зборуваше многу за негово враќање во матичниот клуб, а тоа конечно се случи во 2011-та година. Барселона својот поранешен фудбалер го плати 34 милиони евра.
1. Николас Анелка (ПСЖ)
760.000 евра – 34.5 милиони евра
Се до заминувањето на Хулк во Кина, апсолутен шампион кога се работи за трансферите беше Николас Анелка. Французинот во претходните две децении се преселуваше од клуб во клуб, од држава во држава, а за неговиот трансфер се плаќаа големи суми. Се почна во февруари 1997-ма година кога Арсен Венгер го доведе од ПСЖ 18-годишниот Анелка за 760.000 евра. Младиот французин во првата полусезона постигна 7 погодоци на 6 натпревари. Следната сезона Анелка постигна 18 погодоци на 15 натпревари од кои 7 беа одлучувачки за победа.
Богатиот Реал Мадрид ова не можеше да го игнорира и во 1999-та година го купи Анелка за 35 милиони евра. Анелка не се адаптира кај кралевите, седум месеци му требаше за да го постигне неговиот прв погодок, а имаше конфликт и со тренерот, Дел Боске поради што беше суспендиран еден месец. „Ме малтретираат како куче, јас сум овде против сите“, изјави Анелка и бараше нов клуб.
Не му требаше многу, ПСЖ одлучи да го врати, а парижаните за неговото враќање платија 34.5 милиони евра.