Се огласи и Алисон по катастрофалната грешка против Лестер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер истакна дека ќе научи од неговата грешка откако им подари гол на играчите на Лестер во вчерашниот натпревар кој Ливерпул за негова среќа го доби со 2:1.

При резултат 2:0 Бразилецот доби пас од Вирџил Ван Дијк по кој не се реши да ја исфрли топката туку да оди со дриблинг на Ихеанчо. Нигериецот ја прочита неговата намера и му ја одзеде топката па асистираше до Гезал кој намали на 2:1.

-Ме прочита и тоа беше моја грешка. Не добив добар пас, зборувавме со Вирџил за тоа, но ги имав потребните услови за да ја исфрлам топката. Сепак се обидов да ја задржам во свој посед. Сите ги анализираме натпреварите, очигледно е, нема да бидам толку глупав за повторно да ја направам истата грешка. Учиме од сопствените грешки, но ова е дел од мојата игра. Нема да бидам арогантен ако ви кажам дека ќе продолжам да играм вака- коментираше Алисон.