Ферари доби нов возач за наредната сезона

Наместо Финецот Кими Раиконен, кој во два наврати го возеше болидот на италијанскиот тим, доаѓа Чарлс Леклерк.

Доскорешниот возач на Алфа Ромео Заубер, договори се со Ферари и ќе стане тимски колега на Себастијан Фетел, на местото на Раиконен.

Леклерк кариерата во Ф1 ја започна како тест возач на Ферари, а оваа сезона конечно доби шанса да вози и тоа како возач на Заубер и освои 13 бодови во досегашните 14 трки.

Наредната сезона сигурно ќе му донесе многу повеќе предизвици, бидејќи не е ниту малку лесно да се седне во болидот на еден од најголмите тимови.