„Корпа“ на годината: Најавија пристигнување на Тери, а тој ги одби на Инстаграм!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискот фудбалер Џон Тери порача дека нема да се пресели во Спартак Москва, иако голем број медиуми пишуваа дека претходните денови рускиот клуб ги договори сите детали со искусниот дефанзивец.

Тери на Инстаграм објави дека се предомислил и дека нема кариерата да ја продолжи во Спартак.

„По неколку дена размислувања, одлучив да ја одбијам понудата на Спартак Москва. Сакам да им се заблагодарам на понудата и да им посакам убави работи во иднина. Тие се амбициозен клуб и импресиониран сум колку се професионални. Сепак, по разговорот со семејството, сфативме дека тоа не е добар потег во моментов“, кажа 37-годишниот Тери.

Англиските медиуми пред неколку дена објавија вест дека Тери кариерата ќе ја продолжи во Спартак, но очигледно од тоа нема да има ништо.