Завршните работи се во тек: Еве како изгледа „Маракана“ четири дена пред спектаклот (ФОТО)

Во моментов се во тек завршните работи на „Маракана“ пред дуелот против Наполи за четири дена во Лигата на шампиони.

Во претходнтие денови се работеше на просториите на западната трибина, како и на ВИП ложата, а паралелно со тоа се средуваат и другите делови.

Околу тревната подлога се става и вештачка трева затоа што УЕФА не дозволува играчите да се загреваат на атлетската патека.

Натпреварот од првото коло во групата Ц на „Маракана“ се игра на 18. септември од 21 часот.