Евтин а добар – Дали е овој решение за проблемите на Арсенал?


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Големи проблеми има лондонската екипа во дефанзивата, дури три стопери се моментално надвор од тимот.

Се е поблиску натпреварот со Ливерпул, а се чини дека Арсенал на отворањето на новата сезона ќе биде во скратен состав.

Повредени се Мертезакер, Габриел и Кошчелни, никој од тие нема да биде во дуелот со Редсите, и тандемот на стопери најверојатно ќе го сочинуваат Чејмберс и Холдинг.

Сепак, на тоа младо дуо Венгер не смее да се потпре за иднина, па веќе се шпекулура за потенцијални засилувања во последната линија.

Најчесто се споменуваат Џони Еванс и Шкордан Мустафи, а сега се наметнува една далеку поисплатлива опција за Топџиите.

Според пишувањата на Талк Спорт на мета на Арсенал е стоперот на Хофенхајм и репрезентативец на Швајцарија Фабијан Шар.

Овој 24-годишен стопер во минатата сезона од Базел стигна во Бундеслигата, а познато е дека Арсенал порано покажуваше интерес за неговите услуги. Во текот на својата дебитанска сезона во Германија Шар запиша 20 стартови.

Се проценува дека за неговите услуги Арсенал мора да плати околу 8 милиони фунти, што е речиси дупло помалку отколку што ВБА бара за Еванс, и речиси четири пати помалку од сумата која што мора да ја издвојата за Мустафи.

Делува како вистински избор за Венгер, добар, евтин и млад.