Баерн Минхен по навика – „краде“ уште еден играч од ривал во Германија!?

Баерн Минхен продолжува по старо, па повторно планира да ангажира талентиран играч на еден од нивните ривали за титулата во Бундеслигата.

Фудбалерот на Лајпциг, Лукас Клостерман е нова желба на Баерн Минхен и Баварците ќе се обидат да го обезбедат неговиот потпис.

Тој минатата сезона одигра 26 натпревари во Бундеслигата и беше капитен на младите репрезентации на Германија, па сега најверојатно ќе ја продолжи кариерата во германскиот шампион.

Лајцпиг во сезоната 2016/17 го освои второто место зад Баерн Минхен, додека сезонава почна лошо и сега се наоѓа на 10. позиција на табелата.

Во моментов на трансфер пазарот вреди 15 милиони евра, но Баерн нема проблем да ја плати цела сума и да го ангажира талентираниот играч.