Ниту Меси нема да присуствува на церемонијата на ФИФА!

Аргентинецот Лионел Меси во последен момент соопшти дека нема да присуствува на церемонијата во Лондона на која ФИФА ќе го прогласи најдобриот играч за минатата година.

Иако не е во потесниот избор за најдобар играч, каде што се најдоа Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах, Меси има шанса да добие награда бидејќи неговиот гол против Нигерија на Светското првенство е во потесна конкуренција за наградата Пушкаш.

Аргентинецот требаше да присуствува на церемонијата, но во последен момент се откажа поради – семејни причини.

Претходно беше објавено дека во Лондон нема да биде ниту Кристијано Роналдо, кој беше номиниран за наградата – најдобар играч во светот.