Клајверт со еден гол урна два рекорди!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Младиот фудбалер на Рома, Џастин Клајвер, се запиша во листата на стрелци против Викторија Плзен (5-0).

За Клајверт тоа беше првиот гол за Рома од пристигнувањето од Ајакс летово, а благодарение на него успеа да урне и два рекорди.

Со 19 години и 150 денови, Клајвер стана најмладиот играч на Рома, кој постигнал гол во Лигата на шампиони (ЛШ).

Освен тоа, Клајверт е најмладиот холанѓански играч кој бил стрелец во ЛШ во дресот на некој странски клуб.

Претходен рекордер беше Ола Џон, кој во 2012. година погоди за Бенфика и тогаш имаше малку повеќе од 20 години.