Официјално: Најомразениот тренер во Италија се врати во Серија А


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Двете страни се договориле синоќа, па Џампјетро Вентура ќе се обиде да го спаси Киево од испаѓање.

Човекот кој успеа да испушти пласман на Мундијалот ќе се врати на тренерската работа, а потпиша двегодишен договор.

Одличните резултати во Торино, Пиза, Калјари, Сампдорија и Удинезе паднаа во вода поради неуспехот со Италија.

Овој 70-годишен тренер кој инспирираше многу италијански тренери, меѓу кои и Антонио Конте, ќе се обиде да го поправи впечатокот токму во Киево.