Нова застрашувачка снимка од хеликоптерот на газдата на Лестер (Видео)

По вчерашната снимка од сигурносните камери, денес во јавноста се појави нова снимка од последниот лет на хеликоптерот во кој се пренесуваа сопственикот на Лестер и неговите соработници.

Веднаш по полетувањето од „Кинг Пауер“ стадионот, хеликоптерот се урна и експлодира, а во несреќата немаше ниту еден преживеан.

Денес низ социјалните медиуми врти видео снимено директно од стадионот како хеликоптерот полетува од центарот на теренот. Почетокот на полетувањето е во ред, но во еден момент се гледа дека леталото губи контрола, се врти неколку пати и се забива во земјата.

Оваа трагедија ја обви во црно цела Англија, а во Лестер веќе трет ден жалат за своите најголеми соработници.