Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот боксер Кристијан Дагио почина од последиците здобиени на натпреварот од полутешката ВБЦ категорија против Дон Паруанго од Тајланд.
49 годишниот Дагио по неколку удари од противникот беше нокаутиран, а веднаш по тоа беше пренесен во болница.
Сепак, по осум дена во кома, Дагио не успеа да издржи и им подлегна на повредите здобиени на натпреварот.
„Почина баш како што сакаше, во рингот. Кристијан сакаше да се бори до својата 80та година. Борбата беше негов начин на живот, умре поради желбата за победа. Жал ми е единствено што неговата петгодишна ќерка не знае дека почина, и рековме дека замина на кратко и дека ќе се врати“- трогателно изјави братот на починатиот Кристијан, Фабрицио.