Шок на „Маракана“: Црвена Звезда со 2:0 води на полувреме против Ливерпул (Видео)

Екипата на Црвена Звезда приреди вистинско изненадување по првите 45 минути од вечерашниот натпревар против Ливерпул во рамките од Лигата на шампионите.

„Црвено белите“ се рамноправен, на моменти и подобар противник од големиот фаворит од Англија, а резултатот во првото полувреме и тоа како им оди во прилог.

Имено, Звезда има предност од 2:0 со головите на напаѓачот Милан Павков.  Посебно убав беше вториот гол постигнат од околу 30тина метри.