Спремете се – Златан напиша нова книга


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Обожавателите на шведскиот напаѓач имаат што да читаат оваа зима. Златан Ибрахимовиќ е еден од најживописните фудбалери на денешницата.

Покрај својот неспорен квалитет кој го докажува сите овие години, неговиот карактер го издвојува меѓу сите на нему слични фудбалери ширум светот.

Постојат оние кои го обожаваат, на некои пак им е антипатичен, а она што е сигурно е дека никого не го остава рамнодушен.

Затоа одлучи низ книгата ,,Јас сум Златан” да открие занимливи детали од неговата богата кариера, но како тоа да не беше доволно па напиша уште една.

Книгата со ниту малку скромен назив ,, Јас сум Фудбал” излезе во печат вчера на шведски и на уште неколку светски јазици, во неа можете да го прочитате интервју со него и со други фудбалери, како и случките на Златан.

Нема сомнеж дека има навистина интересен материјал.