Новиот „Вајт Харт Лејн“ изгледа феноменално: Тотенхем се сели во стариот нов дом (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачите на Тотенхем веќе со месеци чекаат да се завршат работите на новиот стадион, и екипата повторно да заигра на „Вајт Харт Лејн“.

Тотенхем на новиот стадион кој се наоѓа на местото на легендарниот „Вајт Харт Лејн“ требаше да заигра на почетокот на оваа сезона, но тоа не се случи бидејќи работите се уште не беа завршени. Меѓутоа, се чини дека тоа сега е пред самиот крај, и дека наскоро Тотенхем би можеле да го гледаме на новиот стадион.

Клубот веќе со месеци работи со полна пареа за што побрзо сите работи да се завршат, и стадионот да биде официјално отворен. Во јавноста немаше многу слики од внатрешниот изглед на „Вајт Харт Лејн“, но на Твитер конечно се појави снимка која многумина остави без текст.

Новиот стадион изгледа навистина феноменално, и вредеше да се чека крајот на работите на него. Тотенхем првиот меч на овој стадион би требало да го одигра на 13. јануари следната година кога ќе ја пречека екипата на Манчестер Јунајтед.