Скандал во Германија: Рибери шамарал новинар по дуелот со Дортмунд?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен го загуби големото дерби против Борусија Дортмунд со 2-3 во германската Бундеслига, па така продолжи кризата на Баварците.

Сепак, во центар на внимание беше искусниот Франк Рибери, кој направил голем скандал по дуелот против „милионерите“.

Рибери го нападнал поранешниот фудбалер Гију, кој сега работи како новинар, а сведоците велат дека морало да интервенираат Рафиња и Жан-Пјер Папин за да не дојде до поголем инцидент.

„Рибери излезе од стадионот и тргна кон автобусот кога Гију му побара изјава по што Французинот го нападна поранешниот фудбалер и му удри три шлаканици“, пишува „Билд“.

Наводно, инцидентот се случил поради тоа што Гију го критикувал Рибери и кажал дека бил еден од најслабите фудбалери против Дортмунд.