Официјалната страница на Премиерлигата си игра мајтап со навивачите на Јунајтед (ВИДЕО)

Навивачите на Манчестер јунајтед збеснаа откако денеска на официјалната страница на Премиерлигата беше објавено видео на кое се наоѓаат поранешните фудбалери на „црвените ѓаволи“, Кристијано Роналдо и Вејн Руни.

Еден ден по поразот од Манчестер сити со 1-3, Премиерлигата ги потсети „ѓаволите“ на еден гол против Болтон од 17 март 2007 година, а тоа можеби се убави спомени, но дефинитивно објавени во погрешен период.

Админот на Твитер страницата го навлече бесот кај навивачите, кои му испратија неколку непријатни коментари.