Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот тренер Нико Ковач во наредната сезона нема да го предводи Баерн Минхен. Баварскиот гигант оваа сезона игра многу слабо, па во моментов се на петто место со 20 освоени бодови.
Германските медиуми пишуваат дека управата на баварскиот гигант решила да прави големи промени во клубот.
Од наредната сезона на клупата нема да биде Ковач, кој не се прилагоди во Минхен, а преговорите со нов тренер веќе биле почнати.
Тие го контактирале Зинедин Зидан и му ја понудиле работата, а Французинот го разгледал нивниот проект и сега треба да донесе конечна одлука.
Инаку, Зидан нема работа откако го напушти Реал Мадрид, а со „кралевите“ освои три титули по ред во Лигата на шампиони (ЛШ).