Џузепе Роси го допре дното, прави тажен трансфер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот напаѓач на италијанската репрезентација,  Џузепе Роси го допре дното на својата фудбалска кариера.

Денес има 31 година, а пред десет години важеше за еден од најголемите фудбалски таленти во светот. Сепак големите повреди на колената и петте тешки операции буквално му ја уништија кариерата и денес е на прагот на еден тажен трансфер.

Како што пренесуваат медиумите во Италија, Роси наскоро би можел да стане член на Јуве Стабија, која се натпреварува во третиот ранг од италијанскиот фудбал. Наводно овој тим му понудил на Роси шест месечен договор со можност истиот да се продолжи на уште една година.

Роси некогаш беше напаѓач на Манчестер Јунајтед, Њукасл, Виљаерал, Фиорентина, Леванте, а последен клуб му беше Џенова. Забележа 30 репрезентативни настапи, но само три од 2011 година.