„Реал Мадрид? Ако е заинтересиран за мене, тогаш...“

Шпанскиот репрезентативец Јаго Аспас во изјава за медиумите зборуваше за својата иднина.

Најдобриот фудбалер на Селта виго призна дека најверојатно кариерата ќе ја заврши во тој клуб, односно дека е доцна да прави големи трансфери.

„Во моментов ситуацијата апсолутно ми одговара и среќен сум. Овде сум со своето семејство, навистина ми е убаво и не размислувам за заминување. Би сакал тука да се пензионирам. Мислам дека мојот воз помина. Но, ако е Реал за мене заинтересиран, тогаш мора да разговараат со мојот клуб, па потоа со мене“, кажа Аспас.

Инаку Аспас се наоѓа на списокот со репрезентативци на Луис Енрике и најверојатно ќе заигра против Босна и Херцеговина на 18 ноември.