Руни откри што сака да прави штом ја заврши играчката кариера


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер, Вејн Руни во интервју за официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед истакна дека сака да влезе во тренерските води веднаш штом стави крај на богатата фудбалска кариера.

Руни кој во моментов игра во МЛС Лигата во САД каде е најдобар играч во тимот во кој постигна 12 погодоци на 21 средба.

Руни беше запрашан дали сака да ги следи стапките на неговите поранешни соиграчи од Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс и Мајкл Керик и да се впушти во тренерските води, на што Англичанецот одговори:

„Секако, мора да ги земам потребните лиценци, за кои што полагам додека сум во САД. Се надевам дека штом дојде времето ќе се вратам во Англија со комплетирани лиценци и ќе бидам во позиција да прифатам или одбијам некоја понуда“ –коментираше Руни.