Нејмар конечно се огласи за конфликтот со Кавани


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пријателскиот меч помеѓу Бразил и Уругвај одигран минатиот петок го одбележа конфликтот помеѓу Нејмар и Кавани, соиграчи од ПСЖ кои се најдоа на спротивните страни.

Јавна тајна е дека овие двајца фудбалери иако играат во ист клуб не се сакаат баш, а ситуацијата стана уште позанимлива откако во финишот на натпреварот Кавани го фаулираше Бразилецот, а потоа во потполност полуде обвинувајќи го Нејмар дека симулира.

Околу ова конечно се огласи и Нејмар кој спреми дипломатски одговор.

„Некои пробуваат да ја напумпаат целата ситуација. Мојот дуел со Кавани е момент во натпреварот и ништо повеќе. Ние сме колеги и партнери во ПСЖ, ништо не се случи“, рече Нејмар.

И Едисон Кавани на оваа тема даде сличен коментар,  додавајќи дека некогаш е тешко да се контролираат емоциите на теренот, но дека ситуацијата се смирила после средбата и сето тоа се заборавило.

Инаку, токму Нејмар беше единствен стрелец на натпреварот Бразил – Уругвај, бидејќи во финишот погоди од пенал за конечни 1-0.