Суарез не остана воздржан: Мојот колега одговорно треба да застане зад своите постапки


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Голгетерот на Бараселона, Луис Суарез го повика соиграчот Осман Дембеле да ја преземе одговорноста за своите постапки и потполно да се фокусира на фудбалот.

Дембеле првобитно образложи дека го пропуштил тренингот поради стомачни проблеми, за подоцна да се дознае дека немал потешкотии, Барселона отвори постапка поради сомнеж дека е зависник од видео-игри.

„Да се биде фудбалер е привилегија, но исто така носи со себе и одговорност. Осман мора да се фокусира на натпреварите и кариерата, постојат многу промер на професионализам во нашата соблекувална. Мора да преземе повеќе одговорност, вистина е дека заслужува да игра во Барселона и сите мораме да му пружиме поддршка“, истакна Суарез, а пренесуваат шпанските медиуми.

Уругваецот смета дека Дембеле, платен 105 милиони евра во Борусија Дортмунд за петгодишен трансфер, е добра личност и дека брзо се прилагодил на „Ноу Камп“.

Се сомнева дека францускиот репрезентативец ги пропуштил обврските, бидејќи, додека игра видео игри со пријателите, изгубил чувство за време.