Шок за ПСЖ: Двете најголеми ѕвезди се повредија на интернационалните натпревари

Интернационалните натпревари беа кобни за тимот на ПСЖ, барем кога во прашање се нивните најголеми ѕвезди.

Имено,  двете најголеми ѕвезди на клубот Нејмар и Килијан Мбапе заработија повреди на натпреварите на Бразил и Франција и се неизвесни за клучниот натпревар против Ливерпул од Лигата на шампионите.

Мбапе беше заменет во 37. минута на натпреварот против Уругвај кој се уште е во тек. Младиот фудбалер го повреди рамото и се уште не се знае големината на неговата повреда.

Нејмар помина само пет минути на теренот на пријателската средба на Бразил против Камерун.