За Кавани има еден фаворит за Златната топка

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани се наоѓа на листата од 30 кандидати кои влегоа во потесен избор за Златната Топка која ја доделува „Франс Фудбал“.

Уругваецот не е фаворит за ова признание, но по неговото мислење Златната топка не треба да ја добие Лука Модриќ.

Во последно излезе дека Модриќ е главен фаворит за оваа награда,  но Кавани не смета така.

„Мислам дека некој Французин треба да победи. Тоа може да бидат Варан, Гризман или Мбапе. Тоа би можел да биде и некој друг фудбалер, но треба да е француски репрезентативец. Тие го освоија Светското првенство. Модриќ имаше само одлична сезона, но неговиот соиграч Варан го освои Мундијалот и Лигата на шампионите. Модриќ беше финалист на Светското првенство и имаше одлична сезона, но Варан повеќе ја заслужува оваа награда“ истакна Кавани за „РМЦ“.